ДУИ „ЗА“ одложување на пописот, Алтернатива ѝ честиташе на дијаспората за масовното попишување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ДУИ поддржува одложување на пописот поради епидемиолошката состојба – изјави  вчера пратеникот на ДУИ, Бајрам Кадрија во емисијата Клик Плус. Тој рече дека пописот ќе почне во септември бидејќи тоа е прифатливо за сите политички партии.

„Поради здравствената состојба, поради кредибилноста на процесот, со цел ниту една странка да не го оспорува процесот, ние сме ЗА решение кое ќе биде прифатливо за сите. Треба да се продолжи со дијаспората и да видиме дали 21 ден се доволни“, истакна Бајрам Кадрија, пратеник на ДУИ.

Зекирија Ибрахими од Алтернатива вели дека одложувањето на пописот не е во интерес на Албанците.

„Сакам да им честитам на сите Албанци за големата постигната победа. Нема одложување, ниту откажување на пописот со закон. Имаше рок за да се одложи, но благодарение на албанската опозиција, односно на Алијанса за Албанците и Алтернатива, не успеаја да формираат анти-албанска формула“, изјави Зекирија Ибрахими од Алтернатива.

Инаку, до сега се попишани над 177 илјади лица од дијаспората преку веб апликацијата за самопопишување, извести Државниот завод за статистика. Повеќето од нив се од Швајцарија 58 илјади, Германија 40 ијлади, Италија 25. Во САД се самопопишале 7 484 државјани, Австралија 2 227 и Канада 1 591. Според политичкиот договор за одложување на пописот, самопопишувањето на дијаспората ќе продолжи до 30 септември годинава.