ДУИ од денеска ја започна внатрепартиската трка и дискусии за локалните избори 2021 кои се очекува да се одржат на 3 октомври. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети одржа состанок денеска со претседателите на ограноците и членовите на централното раководство. Според Ахмети на оваа средба се разговарало за прашањето за пописот велејќи дека ова прашање е политизирано во последно време.
„Вие знаете дека на 3 октомври ќе се одржат локалните избори и од тука почнува дискусијата за текот на изборите, за подготовката за локалните избори, за внатрешниот развој во ДУИ што се однесува до локалните избори. Денеска е почетокот на подготовките за 3 октомври за локалните избори кои ќе се организираат“, рече Ахмети.
Ахмети исто така рече дека во ДУИ нема преписки туку дискусија која и тој самиот ја поттикнува и не е ништо друго освен дискусија внатре во партијата која е во рамки на демократијата и на крајот секоја пат останува како што ќе одлучи мнозинството.
