Сашо Дуковски, адвокатот на Бојан Јовановски, по рочиштето за „Меѓународен сојуз“, рече дека сведокот Орце Камчев бил целосно непотребен, и дека неговиот исказ нема ништо да утврди во фактичката состојба.
„Прво е предложен сведок кој не е сослушан во истрагата. Имаме исказ кој нема врска со овој предмет. И како капа на се, самиот тој ви кажува дека не е кредибилен. Самиот кажува дека не е кредибилен, и вие со упорност се обидувате да го сослушувате. Тоа оставам на стратегијата на обвинителството ама тоа е недозволено, зошто да се сослушува сведок кој не е кредибилен“, вели Дуковски.
Тој истакна дека на крајот Камчев не кажал ништо од она што било побарано.
„На крајот ништо не кажа за тоа што е барано. Дејствието дека Бојан наводно го измамил дека ќе обзебеди државно земјиште, а Камчев рече дека проектите биле одбиени. Станува збор за приватни парцели. Како ќе вршите влијание на државни органи, за земјиште кои се наоѓаат во приватна сосптвеност. Во тие причини целосно непотребен беше сведокот, и нема да утврди ништо за фактичката состојба“, вели Дуковски.
