Дупките кои се отворија по земјотресот во Хрватска се шират – „Страв ми е, не смеам да влезам дома“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во населбата Меченчани во општината Долни Кукурузари кај округот Сисак-Мославина се отвориле околу 15 дупки по земјотресот. Една од нив е широка околу 20 метри и длабока околу 5. Н1 разговараше со луѓе што живеат покрај таа дупка.

Сопственици на земјиштето на кое се појави дупката се сопружниците Бисерка и Никола.

Бисерка опиша како настанала дупката: “Од прозорецот видов само црна дупка и ми беше чудно што видов во градината. По 14 часот тргнав да погледнам и веќе беше огромна дупка, ненадејно формирана во градината. Од 12 до 14 часови беше направена“.

Нејзиниот сопруг Никола вели дека во селото дошле бројни експерти, геолози, луѓе кои понудиле помош, но и од надлежното министерство. Сепак, сè уште не можат да направат нешто, рече тој.

„Тие рекоа дека сега ништо не може да се поправи, дека треба да чекаме“, додаде Никола.

Тој исто така откри дека не и верувал на неговата сопруга која прва видела дека дупката започнала да се отвора.

„Не верував, но по три или четири часа излегов и погледнав и беше дури и поголем отколку што ми рече сопругата. Но, беше 70 проценти помал од денешниот. Нон стоп се руши“, рече тој.