Дураку убеден за уставните измени: Невозможно е да постои државата доколку не се спроведат

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Уставните измени ќе се спроведат по изборите. Сакаме или не, тие ќе се случат. Вака изјави членот на Генералниот совет на ДУИ, кој истовремено е носител на листа на ИЕ2од редовите на Европскиот фронт, Садула Дураку. Поканет во Клик Плус, вели дека ваквото одолговлекување од ВМРО-ДПМНЕ се прави само за политички интереси пред изборите но откако ќе завршат изборите и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прифати овие измени.

ВМРО доколку се вистински државници, дека ја сакаат РСМ, ќе ги спроведат уставните измени. А тие кои сакаат да добијат поени за еден ден или два за дневна политика, тие не ги спроведуваат уставните измени. Затоа ние го создадовме фронтот. Затоа сега имаме мисија која треба да ја завршиме. Не може оваа држава една ВМРО или СДСМ да ја води кај сакаат, изјави Садула Дураку од ДУИ.

ТВ21: А ДУИ може?

ДУИ може.

Дураку вели дека доколку не се спроведат истите, не може да постои ниту државата. Испрати порака дека оваа држава не е само на ВМРО или СДСМ туку е и на другите заедници.

Оваа држава не е само нивна, е и на Албанците, и на Ромите. Тие изигруваат господари на оваа држава како да е само нивна. Тоа е погрешно, голема грешка. Треба да го сменат пристапот, иако веќе го смениле.

ТВ21: Инаку што?

Не може да постои оваа држава.

ТВ21: Треба да ми објасните што значи тоа. Ова е јавно заканување или ќе го промениме Уставот или нема држава? Како?

Невозможно е да постои. Ќе се направат уставните измени, изјави Садула Дураку од ДУИ.

За да се реализира тоа, Дураку бара поддршка за Европскиот фронт за силна победа, со цел да се условуваат коалициските партнери со уставните измени.