Два часа специјални тимови на МВР вршат потрага по исчезнатото 16 годишното момче во Преспанското езеро

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Специјалните единици при МВР повеќе од два часа се во водите на Преспанското езеро кај Претор барајќи го телото на 16 годишното момче кое вчера попладне исчезна во водите на езерото.

Бродот со нуркачите нешто по 16 часот започна да се доближува до брегот, но засега нема информации дали успеаа да го пронајдат телото или пак има некој напредот во потрагата.

Според лицата кои се дел од истрагата велат дека треба да се вклучи и хеликоптер во истата бидејќи телото може веќе да е исфрлено на брегот од езерото.