Два ер трактори и два пинцгауери се вклучија во гаснењето на пожарот кај Копаница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во гаснењето на пожарот над селото Копаница, во Општина Сарај, покрај екипите на скопската Бригада за противпожарна заштита, активно се вклучи и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Од ДЗС информираат дека на терен се ангажирани два авиони „ер трактор“ и две теренски возила „пинцгауер“, кои обезбедуваат воздушна и копнена поддршка во справувањето со огнената стихија.

Екипите продолжуваат со интензивни активности за локализирање и ставање под контрола на пожарот, со цел да се спречи неговото понатамошно ширење.