Два земјотреси ја погодија територијата на Чиле во временски период од само неколку минути. Првиот бил на Антарктикот со јачина од 7,1 степен, на територија која припаѓа на Чиле, а вториот блиску главниот град Сантијаго. Челниците предупредиле на евакуација на подрачјата на Антактикот поради ризик од цунами, иако потоа Министерството соопштило дека е испратено по грешка.
Вториот потрес бил со јачина од 5,6 степени блиску до главниот град. Земјотресот бил само на 30 километри источно ос Сантијаго, и на длабочина од 111 километри.
