Два земјотреси во рок од еден час, го затресе средниот дел на Хрватска. Првиот бил во 17:39 часот на подрачјето Бановина, а вториот во 18:30. Првиот со јачина од 2,5, вториот со 3,4 по Рихтер.
Овие земјотреси беа во близина на Петриња, каде што на крајот од минатата година се случи разорен земјотрес, во кој загинаа 4 лица.
Ова подрачје и во следните неколку месеци продолжи да се соочува со потреси, кои не престануваат и до денеска.
