По оставката на директорот Флорин Бесими од Клиничката болница во Тетово, кој беше од редовите на ДУИ, по постигнатиот договор Заев – Гаши, на чело на оваа институција ќе биде кадар на Алтернатива. Во јавноста се спомнуваат 2 имиња за иден директор на оваа институција, доктор Неџбедин Каремани и доктор Амир Елези. ТВ21 контактираше со Каремани кој потврди дека е предложен за да управува со Клиничката болница во Тетово, но тој стави до знаење дека има силна конкуренција, фаворит на партијата, а тоа е Елези. Каремани рече дека разговорите се во тек и се уште нема ништо дефинитивно, но додаде дека заслужува да биде на чело на оваа институција.
„Разликата е во тоа што јас работам веќе 30 години во клиничката болница и плус тоа сум професор доктор по медицински науки, а тој е обичен лекар без специјализација, со мало работно искуство. Дали тоа ќе биде земено предвид од раководството или не, тоа зависи од нив, од професионален аспект, бидејќи тетовската болница е клиничка болница и имаат поврзаност со факултетот по медицина, бидејќи работам и таму, но политиката е поинаква“, истакна Неџбедин Каремани.
Тв21 контактираше со Елези. Тој не сакаше да даде коментар по оваа прашање бидејќи рече дека се уште е рано. Прашавме во партијата на Гаши дали донеле одлука за раководството на ресорите кои ги земаа нивната партија, но од таму се уште велат дека нема ништо дефинитивно.
„Се уште продолжуваат внатре-партиските консултации во врска со тоа кој ќе раководи со институциите кои и припаѓаат на Алтернатива во рамките на власта. До моментот се уште не зборуваме за конкретни имиња“, велат од Алтернатива.
Доктор Амир Елези и Неџбедин Каремани се ангажирани во приватни ординации, а Каремани е постојан професор во Факултетот за медицинските науки. Што се однесува до другите институции, засега се зборува дека Беким Сали ќе биде министер за здравство, а Орхан Муртезани директор на МЕПСО, но засега се уште нема ништо официјално.
