Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио оствари директна комуникација со тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на бродот “Diamond Princess”, во Јокохама, Јапонија.
Станува збор за двајца мажи и една жена, членови на екипажот и се наоѓаат во добра здравствена состојба.
Коронавирусот зароби македонски државјани на брод кој сега е претворен во карантин на вода, во Јапонија. Властите во Македонија ја следат состојбата со заразата која е глобална опасност. Термо-камерите на скопскиот аеродром скенираат патници кои имале транзитна поврзаност со ризичните региони. Кинески работници кои редовно патуваат на релација Кина-Македонија, ќе поминат две недели во карантин таму пред да се вратат да работат во земјава. Токму таму, во Кина има најмногу болни – 28 илјади луѓе. Вирусот во светски рамки досега одзема 565 животи.
