16 години затвор за кривично дело за кое вели дека не го сторил. Ова е судбината на Агим Ислами, осуден на доживотен затвор за убиството на припадниците на единицата „Алфа“ во 2008 година. Барањето за повторно судење за случајот „Алфа“ веќе две години и пол се разгледува и никако да се донесе конечна одлука дали предметот ќе оди на повторно судење или не. Барањето е доставено по новите докази, односно супер вештачењето што беше направено во странство од страна на одбраната, кое вели дека Агим Ислами и веќе починатиот Реџаил Ќерими не се сторители на кривичното дело. Според Рамиз Даути, кој претходно беше приведен за истиот случај, случајот моментално е во Кривичниот суд, а супер вештачењето е испратено на разгледување во Јавното обвинителство. Истото потоа ќе биде испратено до Кривичниот суд, каде кривичната комисија при Судот ќе донесе одлука. Даути повикува случајот да не се одолговлекува бидејќи нема причина. Тој вели дека случајот треба да се сфати посериозно бидејќи Реџаил Ќерими починал во затвор додека чекал правдата.
„Никогаш немаме точен одговор. И покрај тоа што Апелациониот суд доцни 16 месеци во донесувањето на одлука за предметот , потоа Врховниот суд уште 6-7 месеци, сега поминаа 2 месеци и во Основниот суд, така да на сите адреси на кои се обраќаме нема конкретни одговори, одложувањата продолжуваат и поради таа причина сметам дека оваа работа треба да се сфати посериозно, бидејќи и самиот сум сведок на фактите и аргументите што ги имаме и мислам дека нема време за одложување. Агим помина 16 години во затвор без никаква вина, Реџаил Ќерими почина чекајќи правдата и мислам дека сега е време да се дејствува“, вели Рамиз Даути.
Адвокатја на Агим Ислами, Артене Исеини, вели дека одложувањето на одлуката на Кривичниот суд се случило поради одлуката која се очекуваше од Врховниот суд. Но, бидејќи Врховниот суд ја одби жалбата на другиот обвинет во овој случај, Алмир Дерпљани, одлуката за Агим Ислами нема причина да се одложува. Адвокатот Исеини е оптимист за позитивен исход.
„Кривичниот суд досега го оправдуваше доцнењето на разгледување на барањето за повторување на постапката за Агим Ислами бидејќи го немаше основниот предмет кој беше во Врховниот суд. Сега веќе нема законски простор за дополнително одложување. Нашето барање треба да биде испратено на разгледување до Обвинителството и се очекува донесување на одлука од Кривичниот совет при Кривичниот суд. Ако правниот систем е независен, праведен и непристрасен, имаат шанса да се докажат пред граѓаните и меѓународниот фактор“, вели Артене Исеини.
Инаку, за случајот „Алфа“ и претходно многу политичари изјавија дека се работи за монтиран случај и дека Агим Ислами во затвор без никаква вина
„Но, направивме напори, ги охрабривме сите институции да се воспостави правда во државата и мислам дека правдата може да задоцни но не заборава, и правдата ќе се воспостави“, вели Али Ахмети.
„Нема да му се мешаме во донесувањето на одлука дали е виновен или невин, туку наше е да учествуваме за да се реши случајот и да излезе вистината“, вели Кренар Лога.
„Имам убедување и јавно кажувам, Агим Ислами не треба да биде таму каде што е. И да бараме секој ден, упорно од Апелација, од Судот Скопје 1, од сите, предметот да се врати на повторно судење врз основа на новите информации што ги имаме“, порача Артан Груби.
„Се работи за мафијашки случај и наместен случај од разни наркодилерски структури, еве велам вечерва јавно, моите информации велат дека е монтиран случај“, вели Реџаил Исмаили.
Во меѓувреме, додека Кривичниот суд ја одолговлекуваше одлуката, а одбраната бараше правда, пред две години, по 13 години затвор, почина Реџаил Ќерими осуден во случајот „Алфа“.
