Директорот на МЖ „Инфраструктура“, Ивановски: „Засилени активности на железничкиот Коридор 8“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Интензивирани градежни активности на железничкиот Коридор 8 во делот помеѓу Бељаковце, Куманово до Крива Паланка, објави на социјалните мрежи директорот на Македонски железници Инфраструктура, Синиша Ивановски. Оваа делница е во должина од 34 километри.

Во моментов се гради најдолгиот мост број 7, во должина од 194 метри, еден од трите неизградени мостови, од вкупно 29 мостови на делницата.

Како што информира Ивановски, парелелно се произведуваат бетонските елементи потребни за санација на 26-те полуизградени мостови од 1990-тите. Вкупно треба да се произведат 352 бетонски елементи, а до моментов се произведени 71, со динамика од 10 неделно, дополни диекторот. Според него, вкупен прогрес на проектот е околу 40 отсто, а проекцијата до крајот на оваа година е да се стигне до 50 проценти реализација.