Две лица приведени по претреси во Брвеница – пронајдени дрога и оружје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера (2 март) во тетовска Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории на Д.Ј.(47) и кај Т.Ј. (70) од Брвеница.

При претресот кај Д.Ј. биле пронајдени и одземени неколку кеси со марихуана, ловечка пушка калибар 12мм, воздушна пушка и повеќе од 40 куршуми различен калибар, додека кај Т.Ј. биле пронајдени и одземени четири куршуми, исто така, од различен калибар.

Двајцата биле лишени од слобода и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.