Две починати лица пронајдени во автомобил во близина на училиште во Неапол

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Марано, провинција во италијанскиот град Неапол, се пронајдени две починати лица. Двајцата наводно биле со прострелни рани.

Според првите информации, убиецот го застрелал љубовникот на својата сопруга, а потоа самиот си пресудил.

Овој грозоморен чин предизвикал паника кај наставниците и родителите на учениците во блиското училиште, каде што наставата продолжила со присуство на полицијата.