Две сообраќајни несреќи попладнево во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две сообраќајни несреќи се случија попладнево во Скопје.

Едната од нив е во близина на Соборниот храм. Учествувале „Рено“ и „Форд“, каде возило превртено стоеше во правец од булеварот Партизанска кон Илинденска.

Според информациите, во оваа сообраќајна несреќа причинета е само материјална штета.

Другата сообраќајна несреќа е кај поликлиниката Букурешт меѓу две возила „Волсваген“ и „Фиат“ со скопски регистарски таблички.

Полицијата изврши увид, а местото на настанот е расчистено и сообраќајот се одвива нормално.

Според информациите од МВР, едно лице е со полесно телесни повреди и префрлено е на клиниката „Мајка Тереза“.