Еден загинат и четворица рибари биле ранети во нападот во кој потона турски рибарски брод во близина на Крим, кој е окупиран од Русија.
Повредените биле пренесени во болница во северна Турција во саботата после 15 часовно патување.
Екипажот бил евакуиран по нападот во петокот врз бродот „Дуру 67“ под турско знаме кај Севастопол, на западниот брег на Кримскиот полуостров.
Командата на крајбрежната стража на Турција не соопшти со кое оружје е погоден бродот, ниту пак идентификуваше кој е одговорен.
Нападот го оштетил „Дуру 67“, предизвикувајќи негово потонување.
Блискиот турски рибарски брод, „Бурак Каја“, спаси пет повредени рибари и почна да плови кон пристаништето Инеболу на брегот на Црното Море во Турција.
Еден од рибарите, кој беше тешко повреден, почина за време на патувањето, соопшти крајбрежната стража.
