Еди Рама на својот Фејсбук профил напиша дека само што потпишал наредба, а пред истата да се официјализира, ја споделува со граѓаните.
Тој додаде дека издал наредба за сите граѓани кои имаат проблеми со банките.
Врз основа и за спроведување на член 102, точка 3 на Уставот на Република Албанија, законот бр. 9000, датум 30.01.2003 „За организирање и функционирање на Советот на министри“ законот бр. 8269, датум 23.12.1997 „За Банката на Албанија“, променет, член 12 буква „а“, член 53, точка 4; Статутот на Банката на Албанија усвоен со одлука на Советот за надзор на Банката на Албанија бр.90; датум 02.12.2015, член 11, точка 6, Премиерот на Албанија и Гувернерот Банката на Албанија наредуваат:
1) Да се пролонгира рокот за плаќање на ратите на кредитите за правните и физичките лица до 31.05.2020, за сите тие кои земале кредит, кои се сочуваат со тешкотии во овој период како последица на КОВИД 19;
2) Тие кои земале кредит треба да комуницираат со давателите на кредит (банка, небанкарски финансиски институции или со друштвата за штедење – кредити) и да ги аргументираат причините за нивната потреба за пролонгирање на плаќањето на кредитите;
3) Кредитните институции ќе ги процесираат сите барања во рок од 3 дена од добивањето на барањето;
4) За спроведување на оваа наредба се обврзуваат сите кредитни лиценцирани институции од Банката на Албанија.
Наредбата стапува веднаш на сила.
