Единствена Македонија изрази благодарност за признавањето на афтокефалноста на МПЦ-ОА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Единствена Македонија изразува искрена благодарност до Руската православна црква за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

Да потсетиме, Единствена Македонија на 25 мај годинава побара од Руската православна црква признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

И еве, пред два дена ја слушнавме радосната вест од Руската православна црква со која се исправи историската неправда спрема МПЦ-ОА. Таквиот чекор е од исклучително значење земајќи ја предвид водечката улога на Руската православна црква меѓу православните цркви.

Врските меѓу Македонската православна црква – Охридска архиепископија со Русија и Руската црква како стари словенски центри се континуирани низ вековите и датираат од времето на македонските просветители Кирил и Методиј.

Единствена Македонија им порачува на сите негатори на македонската црква, нација и држава дека ќе завршат на буништето на историјата.

Центар за комуникации на Единствена Македонија