Една година од првиот потврден случај на коронавирус во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонија денеска одбележува една година од првиот потврден случај на коронавирус во државата.

Имено, пред една година на прес конференција тогашниот премиер Оливер Спасовски, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски истакнаа дека официјално има еден потврден случај на заразен од коронавирус во Македонија.

Првиот случај беше жена од Скопје, родена во 1970 година, која одреден период престојувала во Италија, а допатувала преку граничниот премин Табановце превезувајќи се со комбе во кое имало уште неколку лица.

Досега во земјата се направени вкупно 512.692 тестирања на Ковид-19, додека пак бројката на ковид дијагностицирани надмина 100 илјади случаи.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.214, бројката на оздравени пациенти е 90.685, на починати е 3.111, а бројот на активни случаи изнесува 7.418.