Еднаква плата и напредување за мажите и жените – Ивановски: Жените инвестираат повеќе на берзата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На Меѓународниот ден на еднаква плата, Алијансата за родова еднаквост на работното место организираше конференција за еднаквите можности за жените и мажите во застапеноста, напредувањето и платите. Марија Ристевска, лидерка на здружението, рече дека цел е да се промовира еднаков дијалог меѓу половите и да се обезбеди еднаквост во платите, застапеноста и можностите.

Панелистката Бранкица Толевска од А1 рече дека ќе разговараат за тоа како бизнисите да креираат општество со дигитална едукација.

Гледано од аспект на инвестициите на берзата, Иван Ивановски, панелист на овој настан, рече дека последниве години жените се повеќе инвестираат и дека тоа е позитивен тренд.

Настанот се одвиваше во просториите на Коворк21, а панелистите ги имаше во голем број а ги претставија нивните гледишта за родовата еднаквост на работа, плата и други области.