Едно лице загина во терористички напад во Хаифа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во терористички напад во израелскиот град Хаифа, загина маж на 70 години, додека четири лица се тешко повредени.

Службата за итна помош „Маген Дејвид Адом“ објави дека во истиот напад тешко се ранети тинејџер и маж и жена на возраст од 30 години, како и една жена на 70-годишна возраст која е во умерено тешка состојба, објави „Тајмс оф Израел“.

Според медиумите, нападот го извршиле двајца напаѓачи, од кои едниот отворил оган додека другиот ги избодел минувачите.