Едно од најпосетуваните туристички места во светот – плажа со дијаманти на Исланд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Исландската плажа со црн песок и големи парчиња сјаен мраз стана една од најпосетуваните туристички атракции во оваа земја, и тоа со добра причина, бидејќи навистина изгледа како пејзаж од бајките.

Локалните жители ја нарекуваат Дијамантска плажа (на исландски јазик Breiðamerkursandur), поради фактот што големите парчиња мраз дистрибуирани на нејзиниот црн вулкански песок личат на огромни несечени дијаманти, пишува citymagazine.rs.

Оваа плажа се наоѓа во близина на лагуната на глечерот Јукулсарлон на јужниот брег на Исланд, оддалечена околу 6 часа возење од Рејкјавик, главниот град на оваа земја.

Она што го прави особено интересно за туристите е фактот дека таа никогаш не изгледа исто, бидејќи парчињата мраз постојано се топат и се заменуваат со нови што лебдеа на брегот.