Едно се поправа, друго се расипува – кога ќе се среди улицата „Радушка“ во Ѓорче Петров?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се изгради атмосферска канализација а улицата е оставена во ваква состојба. Ова е улицата Радушка во населбата Ѓорче Петров. Иако на неколку места е поставен асфалт, улицата е во уште полоша состојба, асфалтот создаде неколку дупки кои може да ги оштетат автомобилите кои поминуваат. Една жителка која живее во близина вели дека не може да се спие од вревата што се создава кога автомобилите ќе удрат во дупките.

Друг еден жител вели дека има и нешто добро во тоа што улицата е во ваква состојба – автомобилите не можат да возат со голема брзина, бидејќи претходно тука возеле како на трки.

Прашавме и во Општина Ѓорче Петров кога ќе биде изградена улицата која е во ваква состојба веќе неколку месеци, во писмен одговор ни рекоа дека наскоро ќе се изгради улицата.

Општина Ѓорче Петров:

„Пуштен е тендер за реконструкција на тој дел од патот. Градевме атмосферска канализација. Почетокот на градењето на улицата ќе биде во септември“.

Оваа улица кога не беше раскопана беше доста фреквентна но сега е во вава состојба. Возачите наоѓаат начин како да стигнат до центарот на Скопје. Оваа улица поврзува неколку села како Кондово, Свиларе, Рашче и Радуша.