Европската комисија очекува процесот на проширување за Западен Балкан да продолжи што е можно побрзо со првата меѓувладина конференција за Албанија, како и за Северна Македонија.
Портпаролот на Комисијата, Ана Писонеро за време на прес-конференцијата истакна дека „ЕК ја очекува првата меѓувладина конференција за двете земји што е можно поскоро“.
Изјавата на Писонеро следи по извештаите за можниот предлог Албанија да се оддели од Северна Македонија и да продолжи сама кон својата прва меѓувладина конференција во месец јуни.
Извори на дописникот на Еуроњуз во Брисел, Џек Парок денес брифираат дека „Европската комисија се очекува да препорача одржување на првата конференција за Албанија во јуни, за време на нивниот претстоен состанок“.
За време на прес-конференција, новинарот на Политико, Јанс Јоаким Фон Дер Бурчард, ја праша портпаролката на ЕК, Ана Писонеро, во врска со оваа информација и за ставот на Комисијата.
Се чини дека Скопје сè уште е во средина на политички ќор-сокак во однос на Софија, кога станува збор за прашања од историски контекст. До минатата година, земјите во ЕУ застанаа на идејата дека и Албанија и Северна Македонија треба истовремено да влезат во пристапниот процес и да не бидат одделени. Сепак, денес имаше извештаи дека Европската комисија може да предложи иницирање на меѓувладина конференција само за Албанија.
Во однос на овој извештај, портпаролот на ЕК го повтори истиот став дека ЕК „треба да го продолжи процесот што е можно побрзо за двете земји“.
Од 1 јануари оваа година, претседателството со Европскиот совет го води Португалија.
