ЕК: Русија не смее да биде наградена за нејзината агресија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Русија не смее да биде наградена за нејзината агресија врз Украина, изјави денеска портпаролот на Европската комисија како одговор на прашањата за информациите за телефонски разговор на Доналд Трамп со Владимир Путин и со Володомир Зеленски.

„Ништо не може да се реши за Украина без Украина“, соопшти порпаролот. „Праведен и траен мир мора да ја вклучи и Украина во преговорите“, изјави тој.

Лошиот договор ќе доведе уште до војна, мораме да ја поддржиме Украина. Ние сме на почеток на процесот, престојат состаноци на безбедносната конференција во Минхен каде ќе бидат претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, како и украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави тој, додавајќи дека разговорот помеѓу Трамп и Зеленски, не бил координиран со ЕУ.