Оваа бандера пред речиси 1 месец се запали и изгоре. Како последица на тоа, и куќата што се наоѓа во близина велат дека 1 месец била без струја.
Од оваа куќа екипите на ЕВН почнаа да го санираат секој дефект во Арачиново, а со тоа и да поставуваат броила.
Според жителите, причината што се запалила бандерата бил дождот. Според екипите на ЕВН кои ги проверуваат броилата, можно е тоа да биле и атмосферските услови, но и преоптоварена мрежа.
Додека екипите на ЕВН оперираат на терен, состојбата беше мирна. Немаше полициско обезбедување туку компанија за обезбедување. Воопшто немаше проблеми меѓу жителите и ЕВН. Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими бара ЕВН постојано да се ангажира за општината.
-Јас мислам дека функционалноста на компанијата ЕВН во цела држава е во тоа што функционира преку компанија за обезбедување и тоа го прави и кај нас. Истакнав неколку пати дека можеби имаше некаква погрешна појдовна точка од страна на ЕВН која на почеток на мојот мандат ја укина компанијата за обезбедување а функционираше во другите општини. Секако мислам дека дојдовме до тој ден и ние да функционираме како сите други општини-рече Ибраими.
Високите сметки за струја се уште еден проблем на кој се жалат жителите на Арачиново. Некои од нив добиле сметки дури и до 70 илјади денари. Министерот Бектеши во емисијата Клик21 кажа што треба да сторат граѓаните во вакви услови.
-Со менување на моделот на фактурирање на електричната енергија и блок тарифите во рамки на методологијата со цел граѓаните да можат да видат на нивните броила во моментот кога ќе ја добијат сметката за електрична енергија. Доколку не одговара со потрошената количина на електрична енергија, можат веднаш да пријават во ЕВН и РЕК и тоа се решава за 48 часа-изјави Бектеши.
Бектеши појасни дека високите сметки за струја се последица н атехнички проблеми. Околу 800 илјади броила се поставени на ниво на цела држава вклучително и домаќинствата и микро компаниите, а екипите на ЕВН за 30 дена не можат да ги прочитаат броилата кои не се дигитални, додека читањето се изведува од центарот на ЕВН и од таа причина можно е некои сметки да се паушални.
