Електричните кабли – опасност за децата, дворот на ОУ „Адем Јашари“ во Чаир обраснат со трева

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дворот на Основното училиште „Адем Јашари“ во Чаир обраснат со трева.

Децата си играат со страв, а родителите се загрижени за безбедноста на нивните деца, бидејќи има електрични кабли кои не се поставени како што треба.

„Се наоѓаме во дворот на Основното училиште „Адем Јашари“ во о.Чаир. Може да се забележи дека дворот е обраснат со трева до колена. Од управата на училиштето велат дека ќе ја искосат тревата, но немаат одговор кога ќе го исчистат дворот“, вели репортерката на ТВ21.

Фаредин Муслиу повеќе од 20 години работи како стражар во училиштето. Вели дека почнал да ја коси тревата, но дека косилката се расипала.

„Досега дворот го одржуваше претпријатието „Паркови и Зеленило“. Еден ден земавме косилка, но прегоре и не успеавме да ја искосиме тревата. Ние сакавме да го исчистиме дворот, но моторот прегоре, што да правиме. Нормално, ризик е за децата, секако дека е ризик“, посочи Фаредин Муслиу.

Директорот на училиштето вели дека испратиле писмо до ЈП „Паркови и Зеленило“ и дека чекаат дворот да биде исчистен. Но, согласно насоките на Министерството за образование, самите училишта треба да ги одржуваат дворовите, имајќи предвид дека имаат издвоено посебен буџет за оваа цел.