Енергетска криза – Бугарија ќе и помага на Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бугарија ќе и помага на Македонија за надминување на енергетската криза. На средбата на премиерот Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Голаб Донев, двајцата се согласиле за формирање работна група која ќе се состои од Министерството за економија на Македонија и Министерството за енергетика на Бугарија како и други енергетски ресори при што ќе се договорат за капацитетите за транспортот на електрична енергија, цените и количините кои и се потребни на Македонија.

Ковачевски се надева дека ќе се најде решение за снабдување со електрична енергија за домашната економија до крајот на годината и почетокот на следната година. Неговиот колега, Голаб Донев изјави дека брзо одговориле на повикот на Македонија за помош. На средбата исто така станало збор и за снабдување на Македонија со природен гас.

На средбата било разговарано и за прашања од заеднички интерес, како билатералните односи и негувањето на добрите меѓусоседски односи.