Актуелниот градоначалник на Општина Брвеница, Енвер Пајазити ја објави својата независна кандидатура за градoначалник на Брвеница на претстојните локални избори.
„Почитувани граѓани на општина Брвеница, Ви се заблагодарувам за Вашата поддршка што ми ја давате сите овие години особено сега со собирањето на потписите за наредниот мандат како независен кандидат за градоначалник на општина Брвеница 2021-2025, ова масовна поддршка уште повеќе ме уверува за правилната одлука што сум ја донел за да се кандидирам како независен кандидат за градоначалник. Потребниот број на портписи е достигнат и до сега се собрани околу 200 потписи“, напиша Пајазити.
Инаку, Енвер Пајазити на локалните избори на 17 октомври ќе се кандидира за четврти мандат.
