Ердоган: Истрагата за пожарите интензивно продолжува – се испитува дали опожарувањата се намерни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека истрагата за пожарите што избувнаа во различни делови на земјата, продолжува интензивно, јави агенцијата Анадолија.

По петочната молитва во џамијата „Бујук Чамлиџа“ во Ускудар, Истанбул, претседателот Ердоган одговараше на прашања на новинарите.

На прашањето за пожарите во различни региони во Турција, Ердоган рече: „Истрагата за пожарите што избувнаа во различни делови на нашата земја продолжува интензивно. Всушност, се испитува дали опожарувањата се намерни, има такво нешто или нема, тоа се проверува.“

Ердоган додаде дека политиката, шпекулациите и пристапот на политичките партии во однос на пожарите е навистина тажен, пренесува Анадолија.

Наведувајќи дека Министерството за внатрешни работи и разузнавачките служби работат напорно во однос на ова прашање, Ердоган рече дека по сите истраги, ќе може јасно да се објасниме што точно се случило.

– Но, ова не е работа што може да се игнорира. Бидејќи се случуваат во различни региони, но во исто време. Започнуваат во Манавгат, но истовремено избувнуваат и во Мугла, Мармарис и Бодрум, додаде Ердоган.

Нагласувајќи дека како претседател, веднаш ги испратил сите релевантни министри и заменици-министри во регионот, Ердоган додаде дека се мобилизирани сите средства.

– Не е како што велат дека таму има авиони на „Туркиш ерлајнс“. Според што го кажувате тоа? Какви информации имате за да зборувате? „Туркиш ерлајнс“ во моментов нема авион што лесно може да се користи овде. Нема такво нешто. Во моментов овде работиме со 45 хеликоптери, тоа се функционални хеликоптери. Од денеска во регионот имаме 5-6 авиони. Меѓу тие авиони се и авионите што ги зедовме од Русија и Украина. Како резултат на преговорите што ги направивме, и Азербејџан ќе испрати амфибиски авион, нагласи Ердоган.