Ердоган: Одговорност за виновниците за 40.000 загинати од земјотресот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, денеска најави дека ќе побара одговорност од виновниците за повеќе од 40.000 загинати во земјотресите во јужниот дел на Турција.

„Нашата должност е да ги изнесеме виновниците пред законот“, изјави Ердоган.

Во катастрофалниот земјотрес кој се случи на 6. февруари, бројката на жртви во Турција надмина 40.000 лица, а вклучувајќи ги и оние во Сирија, вкупно има над 47.000 загинати лица.

Вчера два нови земјотреси се случија во истиот дел на Турција, при што загинати се најмалку 11 лица.