Ердоган: Трамп ќе дојде на мировните преговори Русија – Украина ако дојде и Путин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговиот американски колега Доналд Трамп му потврдил дека ќе учествува во потенцијалните мировни преговори меѓу лидерите на Украина и Русија во Турција, доколку и рускиот претседател Владимир Путин се согласи да учествува.

По враќањето од самитот на НАТО, каде што се сретна со Трамп за прв пат откако вториот се врати во Белата куќа, Ердоган рече дека му кажал на американскиот претседател дека Анкара има за цел да ги собере руските и украинските лидери во Турција на мировни преговори.

„Трамп ми рече дека ако дојде Путин во Турција за решение, тогаш и тој ќе дојде“, изјави кабинетот на Ердоган.