Ериксен е во стабилна состојба, данскиот фудбалер пренесен во болница (ФОТО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сите стравуваа кога ја видоа снимката како лекарите се обидуваат да го реанимираат Кристијан Ериксен. Данскиот фудбалер колабираше за време на мечот со Финска одигран на стадионот „Паркен“ во Копенхаген.

Ериксен во 43. минута падна на теренот, а лекарите го реанимираа повеќе од 5 минути. Не изгледаше добро, но потоа, според последните информации, е изнесен во свесна состојба и пренесен во болница.

УЕФА најави дека ќе се огласи во 19:45 часот околу тоа што ќе се случува со натпреварот кој беше прекинат, како и за ситуацијата со Ериксен.

Натпреварот продолжи да се игра во 20:30 часот. Според последните информации, Ериксен е добро, комуницирал и со соиграчите, и им дал поддршка за натпреварот.