Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска соопшти дека се тестирал и е позитивен на коронавирусот. Веста тој ја соопшти зборувајќи во живо на Фејсбук.
-Немав никакви симптоми, решив да направам тест, бидејќи планирав да ја посетам линијата на фронтот, кажа Пашинјан, додавајќи дека целото негово семејство е заразено.
Ерменија, во која живеат три милиони жители, досега регистрираше 9.402 позитивни случаи на коронавирус и 139 смртни случаи.
