Ерупција на вулкан во Индонезија, се исфрла пепел висок 8 километри!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Локалните власти информираат дека има ерупција на вулканот Левотоби Лаки-лаки во Индонезија.

Според нив, изфрлени се облаци од пепел високи повеќе од осум километри подигнувајќи го статусот на тревога на највисоко ниво, додека австралиска авиокомпанија откажа некои летови за Бали.

Џетстар, нискобуџетната подружница на Квантас Ервејс, утрово ги откажа летовите меѓу Австралија и Бали поради вулканска пепел, но додаде дека летовите се очекува да продолжат попладне.

Портпаролот на аеродромот на Бали рече дека аеродромот сè уште работи, но седум меѓународни летови биле откажани во утрово, додека некои домашни летови биле одложени.