На 22.09.2026 попладне во близина на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Б.П.(63) од Битола. Тој бил забележан како во 13:00 часот на ул.„Максим Горки“ подметнува пожар на подземни контејнери. Набргу, по преземени мерки, тој е пронајден и приведен. Пожарот го изгаснала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР
На 23.09.2026 веднаш по полноќ на подрачјето на Бутел, полајци ги привеле Б.И.(24), Џ.Љ.(26) и Р.Б.(21) од с.Света Петка, Скопско, како и А.Џ.(20) од с.Сарај, Скопско. Како што соопшти МВР, тие се сомничат дека запалиле огномет на нива, по што настанал пожар од кој изгорела сува трева на површина од околу 1000 метри квадратни. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
