Ескалираа протестите во Грција, полицијата употреби и солзавец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата во Грција мораше да реагира и да употребува солзавец врз демонстрантите кои фрлаа молотови коктели на протестот по повод годишнината од железничката несреќа во Темпи во која загинаа 57 лица.

Несреќата се случи во 2023 година на денешен ден, откако воз преполн со студенти удрил во товарен воз.

Десетици илјади луѓе се собраа во Атина, но и во друите поголеми градови за да побараат правда.

Во Грција почна 24-часовен штрајк на вработените во транспортот, бизнисот и училиштата.