Есмеров: Не е начин да се изгласа недоверба и да се оди на вонреден конгрес, туку да си поднесе неотповиклива оставка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Игор Есмеров од ВМРО-ДПМНЕ во „10 Минути“ на ТВ21 уште еднаш посочи дека лидерот Христијан Мицкоски има обврска, после четири порази, да си поднесе неотповиклива оставка.

„Не е начинот да се изгласа негова недоверба и да се оди на вонреден конгрес, начинот е да си поднесе неотповиклива оставка и да учествува во мирно примопредавање на власта на следниот претседател. Тоа е негова обврска како претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, порача Есмеров.

Тој додаде дека не е член на иницијативата за смена на Мицкоски, но го поддржал Мицкоски.

„Не сум член на иницијативата затоа што не сум ни делегат, но го поддржав Мицкоски со влијание врз девет делегати кои ми биле блиски во тој период“, посочи Есмеров.