Игор Есмеров од ВМРО-ДПМНЕ во „10 МИНУТИ“ на ТВ21 посочи дека поддршката од Централниот комитет кон лидерот Христијан Мицкоски е од единствена причина што тој ги избира.
„Поддршката на Централниот комитет е од единствена причина што тој го избира Централниот, Централниот го гласа Извршниот комитет и они сите заедно се избираат меѓусебе, како сакате да се сменат кога заедно се поставуваат?“, истакна тој.
Есмеров вели дека единствен начин за промена на Христијан Мицкоски е единствено самиот да си поднесе оставка.
