ЕУ – надеж за подобар живот – студентите заминуваат, администрацијата партизирана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако почнале студи во универзитетите во Македонија, младите својата иднина ја гледаат во земјите членки на ЕУ. Едни од главните причини, како што велат, поради кои заминуваат се ниските плати и партизацијата на работните места.

Професорот, Аргетим Салиу, вели дека приватниот и јавниот сектор треба да се натпреваруваат кој ќе нуди подобри услови.

Претприемачката, Гезиме Фејзи, рече дека младите треба да мислат за отворање на нови сопствени бизниси.

Според статистиките на Економист за 2018 година, невработеноста кај младите од 15 до 24 години е 44.7%. Според овие податоци Северна Македонија е третата земја во светот според невработеноста на младите, а пред неа се Босна и Херцеговина и Јужна Африка.