ЕУ наскоро со нови правила: Во сите идни автомобили ќе има „црна кутија“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од идната година сите нови автомобили во ЕУ ќе биде задолжителна „црна кутија“, а од 2024 година ќе ја имаат сите автомобили кои првпат ќе се регистрираат.

Црната кутија е уред кој до најситен детал треба да открие до најситен детал што се случувало пред сообраќајната несреќа. Црната кутија бележи дури 41 податок кој помага во вештачењето.

Црната кутија е задолжителна во авионите, но за разлика од таа, овие во автомобилите нема да ги бележи разговорите во кабината, туку само брзината, силата на кочење, квалитетот на патот, но и неколку други важни параметри.

Оваа одлука ќе го намали ризичното однесување на возачите и се очекува да го намали бројот на сообраќајните незгоди, како и да детално да бидат откриени причините за незгодите.