Евакуирани повеќе од 30.000 жители поради шумските пожари во Шпанија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ситуацијата во Шпанија е сè уште критична поради шумските пожари во Галиција, Кастиља и Леон и Екстремадура, што доведе до евакуација на повеќе од 30.000 луѓе, објавија денес локалните медиуми.

Властите уапсија 31 лице, а 92 лица се под истрага за можна вмешаност во предизвикувањето на пожарот.

Според Министерството за внатрешни работи, Цивилната гарда и Националната полиција спроведоа евакуации, додека Хариља беше означена како најкритична област.