Училишта ширум Бугарија се евакуирани поради дојави за бомби. Станува збор за училишта во Стара Загора, Враца, Варна, Софија и во некои други градови.
Антитерористички тимови се испратени веднаш на местата. Според законот во Бугарија, во такви случаи училиштето мора да биде затворено 24 часа.
Кога ќе заврши проверката, и доколку во објектот не е пронајдена направа, со наредба на директорот, активноста во училиштето може да продолжи.
