АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.
Од таму велат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за излез од државата е околу еден час.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
