Еве каква е состојбата со активни пожари до 13 часот во Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Состојба со активни пожари до 13:00 часот на ден 05.08.2021 г.
Штипски регион
Пожарот кој започна на ден 02.08.2021 година во атарот на с.Нов Истевник, маало Пасјак сеуште е активен и е во дијаметар од 9 км. До овој момент опожарена се околу 750 ха борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 04:00 часот. Интервенираат 200 припадника на АРСМ; 25 вработени во ШС Голак – Делчево со 4 теренски возила; ТППЕ Делчево со 13 пожарникари, 2 цистерни и теренско возило; 5 припадника на Гранична полиција со 5 теренски возила; 3 припадника на ПС Делчево со 1 теренско возило; ЈПКД Брегалница со 10 вработени со 2 ровокапачи, теренско возило со 1 тон вода и 1 џип; РЦУК Делчево со 1 вработен, ТППЕ Македонска Каменица со 4 пожарникари со теренско возило; ЈП Камена река – Македонска Каменица со 10 вработени и 1 комби; и дел од ПП екипата од Р.Бугарија. Волонтери од Црвени Крст Делчево се на терен и доставуваат вода за пиење на ангажираните сили.
Во гаснењето на пожарот ангажирани се и 4 хеликоптери.
На територијата на општина Пехчево, кај м.в.Бајаз Тепе пожарот сеуште е активен и се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик. Опожарена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Интервенираат хеликоптери, 100 припадници на АРСМ, 20 Ренџери, дел од екипата од Р.Бугарија; ШС Равна Река – Пехчево со 30 вработени со 2 теренски возила со цистерни и 4 возила за превоз; ШС Малешево – Берово со 15 вработени со 2 теренски возила со цистерни и 2 теренски возила за превоз; ТППЕ Берово со 3 ПП возила и 7 пожарникари; ТППЕ Скопје, Штип и Струмица со по 2 пожарникари со 1 ПП возило; ДЗС со 1 теренско возило со цистерна и 4 вработени; РЦУК Берово со 1 вработен; ЕВН со 6 теренски возила за превоз; 35 луѓе од месното население.
Се очекува во секој момент да пристигне специјална ПП единица од Словенија.
Пожарот на потегот Костин Дол – Ново Село (опш.Кочани и опш.Македонска Каменица) од ноќеска повторно е активен. Интервенираат ТППЕ Кочани со 15 пожарникари; ШС Осогово – Кочани со 10 вработени; Водостопанство – Кочани со 20 луѓе; и МЗШВ со 5 лица.
Струмички регион
Пожарот кај м.в.Погана, кој започна на ден 01.08.2021 година е со намален интензитет, односно нема активно горење. Досега опожарени се околу 1.200 ха ниско стеблеста шума (даб, габер, прнар, јасен). На терен интервенираат: ТППЕ Валандово со 2 ПП возила и 7 пожарникари; ШС Саланџак – Валандово со 14 вработени; ПО ДЗС Валандово со 7 припадника; АРСМ со 30 припадника; ЕВН Битола со 7 вработени, едно теренско возило и 1 цистерна и Здружение од Битола со 9 припадника. Има и 2 трактори за пренос на храна и вода за учесниците во пожарот. Поради намалениот интензитет на пожарот, денес учесниците во пожарот ќе вршат контролирање и гасење на недогорениот материјал.
Од страна на општина Гевгелија пожарот е под контрола. Опожарени се околу 200 ха мешана шума и сува трева. На терен се 13 лица од ШС Кожув Гевгелија.
Битолски регион
Во општина Прилеп, пожарот во атарот на с.Ракле – с.Никодин – с.Топлица е активен на еден крак према Рудникот Козјак и еден крак према високиот дел с.Крстец – с.Никодин. Опожарени се околу 2.000 хектари нискостеблеста дабова шума и лисната постилка. На потегот с.Крстец – с.Никодин гори нискостеблеста дабова шума.
Под контрола е кракот према с.Топлица, кракот према Црквата и викенд куќите во с.Ракле.
На кракот од Магистралниот пат Прилеп – Градско, гори чалија, сува трева, грмушки и деградирана дабова шума.
Интервенираат 17 војници на АРСМ и ТППЕ Прилеп со 9 пожарникари со 2 ПП возила.
Од ноќните часови на ден 04/05.08.2021 година започнат е пожар на потегот Дрен – Смолани (опш.Прилеп) со кој гори сува трева, смрека, чолија и лисната постелка на површина од 0.5 ха. На истиот локалитет има и еден приземен пожар на м.в.Мањов Дол, каде гори нискостеблеста дабова шума.
Интервенираат 13 војници на АРМС, 3 пожарникари на ТППЕ Прилеп и 2 лица месно население, како и 7 работници на ШС Црн Бор Прилеп.
Охридски регион
Пожарот во атарот на с.Девич (опш.Македонски Брод), во 18:00 часот на ден 04.08.2021 година е ставен под контрола. Од утрово на терен се ТППЕ Македонски Брод со 4 пожарникари и 5 вработени од ШС Македонски Брод заради контрола на просторот.
Тетовски регион
ТППЕ Тетово од 09:40 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенираат поради запалена сува трева кај сточниот пазар во с.Голема Речица.
Кумановски регион
ТППЕ Куманово со 4 пожарникари и 1 ПП возило, од 07:00 часот интервенираат поради запалена сува трева во атарот на с.Јачинце.
ТППЕ Старо Нагоричане со 3 пожарникари со 1 ПП возило, во 09:30 часот е упатена на терен кон атарот на с.Жељудино поради контрола.
Пожарот во атар на с.Коњух (опш.Кратово) е изгаснат, а на терен поради контрола се наоѓа екипа на ЈП Македонски Шуми.