Еве кои поликлиники ќе дежурaaт за време на празниците!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За време на новогодишните празници, ЈЗУ  „Здравствен дом на Скопје“ ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, потврдија за МИА од оваа установа.

– На 31 декември, недела, во текот на денот и вечерта за новогодишната ноќ, како и на 1 јануари, дежурни и достапни ќе бидат дежурните ординации  за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар. За претстојните божиќни празници – 7 и 8 јануари, за граѓаните кои имаат потреба од медицинска помош, ќе работат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар, велат од ЈЗУ  „Здравствен дом на Скопје“. 

Со секојдневно работно време за новогодишните и божиќните празници ќе функционира и единицата за домашно лекување.

ЈЗУ  „Здравствен дом на Скопје“  изразуваат надеж за беспрекорно почитување и придржување кон дадените препораки, со цел новогодишните празници да се дочекаат во весело и пријатно расположение за сите.