Неоправданите царини за производите на ЕУ нема да останат без одговор, што ќе доведе до силни пропорционални контрамерки, изјави во вторникот претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен, откако САД одлучија да ги зголемат царините за увоз на челик и алуминиум.
„Неоправданите царини за ЕУ нема да останат без одговор – тие ќе предизвикаат силни и пропорционални контрамерки“, се вели во првата реакција на Европската комисија на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп.
Урсула фон дер Лајен, претседателката на Комисијата рече дека длабоко жали за одлуката, нагласувајќи дека царините се даноци кои се лоши за бизнисот, а уште полоши за потрошувачите.
„Европската унија ќе дејствува за да ги заштити своите економски интереси. Ќе ги заштитиме нашите работници, компании и потрошувачи“, рече Фон дер Лајен.
