Европските сили, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија, рекоа дека мора да учествуваат во какви било идни преговори за судбината на Украина, нагласувајќи дека само фер договор со безбедносни гаранции ќе обезбеди траен мир.
„Нашите заеднички цели треба да вклучуваат ставање на Украина во позиција на сила. Украина и Европа мора да бидат дел од какви било преговори“, се вели во заедничката изјава на седумте земји и Европската комисија.
На Украина, се додава, треба да и се обезбедат силни безбедносни гаранции.
