Евростат: Бугарија и Романија имаат најголем број смртни случаи во сообраќајки во ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во 2023 година во сообраќајни несреќи во земјите во ЕУ, загинале 20.380 лица, што е за 1,3% помалку во однос на 2022 година.

Во 2020 гопдина бројот на смртни случаи се намали на 18.830, главно поради ограничувањата поради пандемијата со Ковид-19. Ова го покажуваат најновите податоци од европската статистичка служба Евростат.

Бугарија и Романија се земјите во кои имало најмногу жртви во просек од сообрачајни несреќи. Во 2023 година во Бугарија загинале 525 лица од сообраќајни несреќи. Бројот на срмтни случаи во сообраќајни несреќи по глава на жител е најмал во Шведска. Во 2023 одина просечните податоци за ЕУ покажуваат 46 жртви на милион жители.

После Шведска, следуваат Данска и Малта. Додека на другиот крај покрај Бугарија, тука и Романија со 81 случај на милион жители, додека Летонија имала 75 жртви на еден милион жители.